Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1
Здружението КОНЕКТ, Скопје го издаде водичот „Патот до ефективна поддршка на заедницата“ тој е првиот прирачник за корпоративна филантропија издаден во Р. Македонија.
Тој ќе им помогне на претпријатијата да ги осмислат своите приоди на корпоративна филантропија и на тој начин да ги зголемат ефектите од донациите за претпријатието како и за пошироката заедница.
Водичот е прилагоден на потребите на модерните раководители и е илустриран со примери од регионот како и приказни на позитивни примери од праксата на неколку македонски претпријатија.
Водичот е во издание на Конект, автор е Никица Кусиникова и е достапна на македонски и англиски јазик. Публикација е реализирана во соработка со Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а во рамки на Проектот за зајакнување на граѓанското општество.

Доколку сте заинтересирани да добиете примерок од публикацијата во печатена форма, Ве молиме контактирајте ги КОНЕКТ .

Електронската верзија на македонски и англиски јазик е достапна тука