Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Првата од петте планирани обуки за претставници на граѓанските организации од пелагонискиот и од вардарскиот регион се одржа, од 6 до 8 јули 2018 година во Охрид. Целта на обуката беше што поголем број граѓански организации да се приклучат во следењето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во јавните набавки.

На обуката исто така се говореше и за начините на којшто граѓанските организации можат да ги следат јавните трошења, механизмите и инструментите што им стојат на располагање, како и аспектите што треба да ги имаат предвид при набљудувањето на трошењето на јавните пари. 

Предавачи на обуката беа Сабина Факиќ и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, Александар Аргировски од Биро за јавни набавки и Максим Ацевски од Државен завод за ревизија, кој е и еден од основачите на Фондација „Фокус“. 

Обуката е дел од проектните активности на „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ на Центарот за граѓански комуникации во кои Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ е ко-партнер и е финансиран од Европската Унија.