„Воспоставување Фонд за поддршка“
Фондацијата „Фокус“ организираше завршен настан за да ги претстави постигнатите резултати од 11месечното функционирање на Фондот за поддршка во кој се прибираа донации и средства за децата од социјално загрозени семејства од Велес, Градско, Лозово и Чашка.

На настанот присуствуваа донаторите и сите оние кои на било каков начин дадоа поддршка и помогнаа овој проект успешно да се реализира.
Статуетки и признанија за хуманост им беа доделени на „Кенди“ од Скопје, Групацијата АД „Жито Вардар“-Велес, Комерцијална банка АД Скопје, Клубот на моторџии „Мото Спиди Ист“ и на Средношколците од Гимназија „Кочо Рацин“ од Велес.
Благодарност за соработката и придонес кон Фондот им беше укажана и на сопствениците на Ресторан „Снупи“, хотел „Романтик“, како и на сопствениците на маркетите во кои беа поставени каси за донации: „Жито Маркети“, „Ани 96“, „Зага Маркет“, „Алфа Маркет“ и колонијал „Мони“.
На средбата беа презентирани активностите кои се одвиваа во текот на реализацијата на овој проект, како и резултатите кои беа постигнати.
Новогодишни пакетчиња добија 100-тина деца на најсиромашните семејства во градот.
Ним Новата Година посреќна им ја направија триесетина членовите на клубот на мотористи Мото „Спиди Ист" заедно со претставниците на Фондацијата ФОКУС - Фонд за поддршка.
Tие со своите мотори ги посетија дечињата во нивните домови и им подарија пакетчиња.