Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ЗА ОБУКА И КОНСУЛТАНТСКА ПОДДРШКА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТВКА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТИ


Фондацијата „Фокус“ организира обука за претставници на НВО од општините Велес, Градско, Лозово и Чашка на тема „Следење на подготвката и реализацијата на општинските програми и буџети“. Обуката ќе ја реализираат обучувачи од Центарот за истражување и креирање политики во периодот од 30 март до 01 април 2009 година.

Целта на обуката е да се  да се обучат претставниците од НВО од различни области на делување (култура, социјални дејности, животна средина, млади, човекови права, рурален развој и сл) за процесот на подготовка на општинските буџети и да се оспособат за следење на нивната реализација.

Заинтересираните НВО ќе добијат и консултантска поддршка  за следење на реализацијата на општинските програми и буџети на општините од кои доаѓаат и ќе учествуваат во подготовка на заеднички компаративен извештај за проценка на опфатот на граѓанските приоритети.

Пријавувањето за обуката трае до 20ти март 2009 год.
Потребните документи (пријава за учество, профил на организацијата и писмо за мотивација ) може да се да се испратат по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., да се достават лично во просториите на Фондацијата или да  се испратат на следната адреса:
Фондација за локален развој и демократија „Фокус“-Велес
ул. „Трајче Панов“ 22, 1400 Велес, со назнака ЗА ЈАВЕН ПОВИК .


За повеќе информации погледнете го деталниот опис на повикот.

Превземи пријава

Кратко резиме на проектот: Во рамки на своите програмски активности Фондацијата „ФОКУС“ го реализира проектот „Ние за заедницата“ поддржан од Институтот за Трајни Заедници (ИТЗ) Скопје, преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД). Целта на проектот „Ние за заедницата“ е да го промовира и поттикне доброто управување во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка и да овозможи активно вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки и креирање локални политики значајни за развојот на нивните заедници. Во рамки на планираните проектни активности предвидено е преку обука и менторска поддршка од консултант да се развијат капацитети во НВО од споменатите општини за следење на процесите на креирање на општинските буџети. Исто така, предвидено е да се направи анализа на опфатот на граѓанските приоритети во финалните програми и буџети на општините за 2009година. Обуката ќе ја реализираат обучувачи од Центарот за истражување и креирање политики.
Цел на обуката: Да се обучат претставниците од НВО од различни области на делување (култура, социјални дејности, животна средина, млади, човекови права, рурален развој и сл) за процесот на подготовка на општинските буџети и да се оспособат за следење на нивната реализација.

 

 

Компонента 1

 

 

 

 

Компонента 2

  • Градење капацитети за разбирање на процесот на подготовка на општинските програми и буџети

Согласно намерата да се изградат локални капацитети за следење на реализацијата на општинските буџети, претставниците на НВО:

- ќе поминат 3 дневна обука за процесот на подготовка и следење на реализацијата на општински програми и буџети;

- ќе добијат консултантска/менторска поддршка за следење на програмите и буџетите во соодветните општини од кои доаѓаат и

- ќе се оспособат за понатамошно самостојно следење на процесите на подготовка и реализација на општинските програми и буџети.

 

  • Градење капацитети за следење на реализацијата на општинските програми и буџети

Согласно намерата да се согледа опфатот на предложените граѓански приоритети во општинските програми и буџети за 2009 год., претставниците на НВО ќе имаат обврска за:

- следење на реализацијата на општинските програми и буџети во општината од која доаѓаат (месечно, а врз основа на претходно подготвена методологија од страна на консултантот);

- прибирање релевантни податоци за опфатот на приоритетите на граѓаните доставени до општините и дефинирани на работилниците и јавните расправи организирани од Фондацијата „Фокус“;

- соработка и координација со консултантот во подготовка на компаративен извештај

Активности и испорака Активности Бр. на денови Краен рок на испорака
1. Учество на обука 3 30,31 март и 01 април 2009
2.Учество во процес на мониторирање и соработка со консултантот тековно 01/04-10/09/2009
3.Придонес во подготовка на Финална верзија на компаративен извештај по потреба заклучно со 20/10/2009
Очекувања

· Да се создадат капацитети за активно следење на процесите на буџетирање во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка

· Да се создаде активна група на организации и индивидуалци кои се оспособени за следење на буџетските процеси

· Подготвени методлогии за следење на реализацијата на општинските буџети и опфатот на приоритети во општинските програми

· Подготвен зеднички компаративен извештај

Процедури

· Повикот е отворен за сите заинтересирани НВО од Велес, Градско, Лозово и Чашка.

· При аплицирањето, заинтересираните организации треба да достават:

- Пополнета пријава,

- Профил на организацијата и

- Писмо за мотивација од пријавените учесници кое ќе собјасни како стекнатите знаења и вештини ќе бидат пренесени и употребени во организацијата

· Секоја организација пожелно е да пријави 2 свои претставници за обуката.

· Краен рок за поднесување на пријавите е 20ти Март 2009год.

· По пријавувањето, Фондацијата ќе организира дополнителни информативни состаноци со пријавените кандидати и ќе направи избор на 16 учесници (по двајца претставници од 8 НВО од четирите општини)

.· Сите трошоци поврзани со обуката (превоз, материјали, храна и освежување) се покриени од страна на организаторот.

· Повикот и пријавата за учество ќе бидат објавени на веб страната на Фондацијата www.focus.org.mk и на огласна табла во Домот на НВО во Велес, а ќе бидат испратени и по електронска пошта до НВО.

· Пријавите со придружните документите може да се испратат по електронска пошта contact@focus.org.mk, да се достават лично во просториите на Фондацијата или да се испратат на следната адреса:

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“-Велесул. „Трајче Панов“ 22, 1400 Велес, со назнака ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБУКА

Услови при избор

При изборот на организациите ќе се земат предвид следните критериуми:

· Програмските определби на организацијата и подготвеност за понатамошно следење на буџетските процеси на локално ниво

· Подготвеност на учесниците за активно учество во целиот процес;

· Подготвеност на учесниците за пренесување на стекнатите искуства во организацијата;

· Претходно учество во активности поврзани со подготовка на општински програми и буџети.

Image