во рамки на проектот Акција за Европа
објавуваат
КОНКУРС
за избор на најдобар есеј на тема
„Зошто Македонија треба да стане членка на Европската унија“.
Цел на проектот: Проектот има за цел да ги поттикне младите луѓе да истражуваат и следат теми поврзани со Европската унија, притоа размислувајќи за важноста на пристапувањето на Република Македонија во Унијата, за придобивките од членството во ЕУ како и за придонесот што Република Македонија ќе го даде кон различноста на Унијата по нејзиното пристапување.
Рокот за доставување на есеите е 25 мај (понеделник), 2009 година.
Кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
× да бидат на возраст од 16 до 21 години;
×да се редовни ученици во средно училиште, или студенти запишани на еден од акредитираните универзитети во Република Македонија;
× да живеат во градот или населеното место кое гравитира кон регионалниот центар за поддршка на НВО во кој се пријавуваат.
Краток опис на проектот: Есеите ќе ги селектира комисија составена од претставници на регионалните центри за поддршка на НВО, Македонскиот центар за европско образование и ФИООМ. Најдобриот есеј од секој регионален центар и најдобриот есеј во конкуренција на сите ќе бидат наградени, односно на кандидатите ќе им биде обезбедено учество и ќе им бидат покриени трошоците за учество на летната школа за млади која ќе биде организирана во рамки на Младинската програма на&нбсп; ФИОО-Македонија.
Кандидатите со пријавувањето на конкурсот се откажуваат од своите авторски права и се согласуваат нивниот есеј, доколку влезе во групата на најдобрите, да биде објавен во публикација по завршувањето на конкурсот.
Начин на пријавување: Есеите треба да бидат отпечатени на хартија (формат А4) во 3 примероци со фонт “Тимес Нењ Роман”, големина 12, проред 1,5.
Покрај есејот секој кандидат треба да достави:
1. Кратка биографија со свои контакт информации (адреса, телефон, електронска пошта);
2. Фотографија.
Есеите заедно со другите документи треба да бидат доставени по пошта до
за: Велес и Свети Николе
Фондација за локален развој и демократија “ФОКУС”
Трајко Панов 22, 1400 Велес
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Рокот за доставување на есеите е 25 мај (понеделник), 2009 година.