Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес беше дел од Националниот Форум на Цивика мобилитас, насловен како „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“. Фокус имаше можност да се промовира пред посетителите и учесниците на Форумот, нудејќи промотивен материјал за сите проекти, иницијативи и активности што ги реализираше во изминатите единаесет години, како и за сите залагања и постигнувања . Форумот отвори можност за соработка со други организации преку заеднички идеи и акции.


Форумот се одржа на 23 септември во Градски парк на „Школка“ во Скопје и го отвори амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада. Настанот беше збогатен со настапи на повеќе музичари од државата.