Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Покана за учество во работилница на тема “Унапредување на статусот на жените припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури во локалната заедница”

Почитувани,

Ве покануваме на работилница на тема „Унапредување на статусот на жените припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури во локалната заедница“ која ќе се одржи на 28.06.2008 (сабота) со почеток во 11.30 часот во ресторан Снупи – Офицерски дом, Велес. Работилницата ја организира Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во соработка со Фондација „Фокус“ (поранешен Центар за поддршка на НВО Велес) во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“.

Целта на тематската работилница е составување препораки и определување конкретни акции за унапредување на улогата на жените припаднички на немнозинските етнички заедници во управувачките структури во локалните заедници.

За организирање на превозот на учесниците и за дополнителни информации може да се обратите до Диме Велев, локален координатор на активностите на проектот на тел. 043 221 583, 043 212 450 или по електронска пошта на адреса: dvelev@sonet.com.mk

Вашето присуство потврдете го најдоцна до 27.06.2008 до 12:00 часот кај локалниот координатор. Во прилог на поканата Ви доставувам дневен ред на работилницата.