Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ГОЛЕМ МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ

ПОД ИСТО СОНЦЕ

дискусии, традиција, фолклор, концерт:

БЛА БЛА БЛА, АРЕА, ТОНИ КИТАНОВСКИ и ЧЕРКЕЗИ

Скопски саем, 1 ноември, од 10 до 24 ч.

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

Голем мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“

На 1 ноември 2008 год, во 10 часот на Скопски саем започнува првиот мултиетнички хепенинг„Под исто сонце“. Хепенингот е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници. Ќе бидат претставени народни носии, ракотворби, кулинарски специјалитети и фолклорни игри од различни градови во Македонија.

Ќе се дискутира и за исполнувањето на одредбите од Рамковниот договор, положбата на заедниците во Македонија, спецификите на македонскиот мултикултурализам и европските перспективи. Настанот ќе го отворат Н.Е. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија, Владимир Милчин, Извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Хајрије Ахмед, претседател на НВО „Заеднички вредности“ .

Како завршница на еднодневниот мултиетнички хепенинг, со цел создавање простор за дружење на младите, во Метрополис Арената од 21 часот до 24 часот ќе настапат групите Бла Бла Бла, Ареа и Тони Китановски со Черкези.

Влезот за сите посетители на хепенингот е слободен.

Настанот го организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ.