Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Почитувани,

Општина Велес и Фондација „Фокус“, организираат Јавна расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за 2009 година:

* 03.11.2008 година (понеделник) со почеток во 16:00 часот во големата сала на Општина Велес, за претставниците на институциите од областа на образованието, културата, здравствената и социјална заштита и
* 03.11.2008 година (понеделник) со почеток во 18:00 часот во големата сала на Општина Велес, за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, невладини организации, културно уметнички друштва итн.)

Јавната расправа е отворена за сите граѓани на Велес.

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2009 година:
- Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2009 година.
- Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) за 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2009 година.
- Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2009 година.

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.