Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ПОКАНА за присуство на работилница за идентификација на граѓански приоритети за 2009 год.

Image

Општина Чашка и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес организираат работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год.

Приоритетите кои ќе бидат предложени на работилницата од страна на претставниците на месните заедници и невладините организации, ќе бидат доставени до општинските служби и Советот на општината со цел да бидат земени предвид при подготовка на Нацрт програмите на општината за 2009 година.

За таа цел, Ве покануваме да присуствувате на работилницата закажана за 24.11.2008 год во О.У. „Тодор Јанев“ во Чашка, со почеток во 12:00.

Во прилог е предвидениот дневен ред на работилницата.

Со надеж дека ќе ја прифатите поканата за присуство Ве поздравуваме.

Дневен ред

на работилница за идентификација на граѓанските приоритети

за програмите на Општина Чашка за 2009год.,

О.У. Тодор Јанев, Чашка 24.11.2008


12.00 – 12.30 - Вовед на работилницата

Цел на работилницата
Очекувања од работилницата
Презентација на доставените приоритети од страна на месните заедници
г-дин Горанчо Игнов

Норми за работа
Формирање работни групи

12.30-13.00 - Идентификација на проблеми/прашања во локалната&нбсп; средина
Бура на идеи (работа по групи)
Одредување5 приоритети

13.00-13.15 – Пауза за кафе

13.15-14.45 – Презентација од работата на групите

Дискусија

14.45-15.15 – Одредување 5 генерални потреби и приоритети