Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Почитувани сограѓани, подоллу е писмо објавено од нашите Верни пријатели www.velenews.mk прашањето е само дали е само обична реакција или ????

Исплашено писмо до непознат заканувач !

Видно потресени и неручани поради заканата (којзнае дали и ќе вечераме), некако собираме сила да одговориме на твојата наредба.Од една страна сме замрзнати од  мислата дека можеш да не  хакнеш, но од друга страна среќни што конечно најдовме некој што ја застапува (втората) страна од црната топилничка приказна. Вака исплашени, (од под кревет) најпонизно молиме,(пред да не хакнеш) да ни дадеш неколку информации(оти нели тебе те пратиле да го браниш загадувачот)
Предпрашање - Дали местоположбата на Топилницата е грешка и ако е така, кој би не натерал ПАК да живееме со грешката што им ги урниса животите на велешани? Ние нашата грешка си ја плативме со животи на велешки бебиња кои се раѓаа и заминуваа истовремено.

1.Кој е новиот сопственик на топилница ?
2.Која е намерата со топилница во иднина ?
3.Дали ја сакаш на истото место (со истата технологија)
4.Колку пари ќе вложат идните сопственици за нејзиниот (не оти ќе биде...ама ај) рестарт?
5.Зошто не би ја изградиле повторно во Згрополци (ако веќе сериозно сакаат да се занимаваат со металургија) ?
6. Кој ќе ја исчисти згурата од црниот рид која ја наталожи Топилницата 30 години наназад ?
7. Што со оние кои веќе се претставија пред господа (се мисли на Исус, Алах.,Буда,Кришна.....) како последица од нејзиното работење ?
8. Што со оние кои ги живеат последните денови поради рак, леукемија,атсма,белодробни заболувања,    заболувања на црниот дроб и бубрезите ?
9. Што со тешките метали во плацентите на родилките ?
10. Ќе го хакнеш ли и сајтот на СЗО(за твоја информација ова е кратенка од СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА) која го прогласи Велес, за критично место за живеење ?
11.Ќе се јавиш ли можеби во некој хрватски весник за да им кажеш дека АГРОКОР купи младо кромидче (до ден денес полно со тешки метали)...нели почвата е загадена до 50 цм во длабочина ?
12.Ќе му кажеш ли на доктор Скаљни дека е ПЕДЕР, затоа што пронајде тешки метали во косата, ноктите и кожата на велешките деца?
13.Ако Скаљни е далеку (а далеку е...голема таа Русија у пичку матер) те упатуваме на Стафилов, Кочубовски, Ефремов, се професор до професор кои можат да те упатат во злото наречено топилница...а ти после види како ќе ги наречеш нив.
14.VelesNews никогаш не се изјаснил против вработувањето, дури ни против Топилницата, НАПРОТИВ, ние сме таа да работи, ама таму каде што ќе биде безбедно за НАС и НАШИТЕ (вклучувајки го и твоето) ДЕТЕ.
15. Дај боже, еден web портал како нашиот, да може да вработува....ќе ги вработевме Порцеланци, Свиларци, Лозарци, Велеспромци, па на крај и ТОПИЛНИЧАРИ, бидејки Вие барем земавте Фесал (отпремнина) додека останатите  споменати  останаа   без никаква егзистенција (чуднo како тие не се закануваат на VelesNews)
16. Премиерот Груевски се изјасни за прашањето по топилница “Не по секоја цена”.
17.Ставревски исто (барем можеше да го видиш на новиот телевизор кој си го купи од Фесал-от)одеше на телевизија пред неполна година.
18. Градоначалникот Петров е на иста линија со граѓаните на Велес (прашај го ако сакаш,сега барем има отворени денови со општинарите) .
19.Во интерес на скапиот нет простор (да привршуваме нели).Ти барем знаеш на кого да му ја хакнеш страната. Ние  имаме став и го кажуваме јавно.Си помислил ли како ни е нас. Ни знаеме кој се новите газди, ни знаеме кој си ти, ниту пак знаеме чија страна да хакнеме. А не е до нас...навистина се трудиме и ќе се трудима, ама тие пустото бегаат од новинарите пред судот, се кријат, се колнат дека никој никого не познава,срби ли се, бугари ли се, македонци ли се, американци ли се, ескими ли се...нели е ред да се претстават...па мајка му стара, тие доаѓаат да не трујат НАС,  а не ние нив...редно би било...ДОБАР ДЕН..ДОБАР ДЕН...НИЕ ЌЕ ВЕ ТРУЕМЕ...ДРАГО НИ Е ...ЕВЕ НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ ТРУЕНИ...да се знае некој ред бе...па дури и во Холокаустот(оној од втората светска војна) се знаеше кој кого труе, зошто труе и со која цел. Вака.....јебем ти живот кога не знаеш кој те труе.
20. Не треба да потсетуваме дека овој твој  маил е веќе пријавен кај органите на редот мирот и стабилноста, така што,тие секако  ќе постапат по своите овластувања.
Вечно твои,
Ние,
VelesNews.mk
Е СЕГА, МОЖЕШ ДА ХАКИРАШ. Повели
(леле ама сме културниииииииии)