Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Лозово, 23.02.2017, Веб интерактивната алатка http://prioriteti.focus.org.mk/ Фондација „Фокус“ ја претстави на директни средби пред граѓаните на Лозово. На средбите граѓаните беа мотивирани континуирано да ги поднесуваат своите предлози на алатката со цел истите да бидат земени предвид кога општината ќе ги изработува нацрт-програмите. Исто така им беа претставени можностите кои ги нуди алатката и како можат да пристапат на неа.


Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.
Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.

WEB

Градско, 28.12.2016, На директни средби со граѓани на општина Градско, Фондација „Фокус“ ја претстави својата веб интерактивната алатка http://prioriteti.focus.org.mk/ . На граѓаните им беше објаснето како и зошто може да ја користат алатката преку која може да ги даваат своите предлози за развојот на локалната заедница во текот на целата година.
Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.

Покрај средбата во Градско, претходно Фондација „Фокус“ организираше средба со граѓаните на општина Велес, а во следниот период вакви слични средби ќе бидат организирани и со жителите на општините Лозово и Чашка кои исто така може да доставуваат свои предлози и идеи на веб алатката.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.

13.09.2016, Велес, На директна средба со граѓаните на општина Велес, Фондација „Фокус“ ја претстави веб интерактивната алатка www.prioriteti.focus.org.mk на која велешани може да ги даваат своите предлози за развојот на локалната заедница во текот на целата година. На заинтересираните граѓани им беше објаснет начинот на кој функционира веб алатката и како тие може да ги достават своите предлози.