MK@EU
Почитувани,
Македонскиот центар за европско образование и Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во рамките на проектот „Акција за Европа“, оваа година, организира тематска конференција насловена како „Да зборуваме за животната средина“. Конференцијата ќе се одржи на 26 мај 2010 во големата сала на хотелот „РОМАНТИК“ со учество на експерти од Македонија и од странство, како и учесници од повеќе градови од Република Македонија.
Пред конференцијата ќе се случува дискусија за надворешната политика во која Н.Е. г. Жан-Клод Шлумберже, амбасадор на Франција ќе зборува за надворешно-политичките приоритети на своите држави vis-a-vis Европската унија, политиката на проширување и Република Македонија, како и за приоритетите во однос на политиката за животна средина.
Дискусијата за надворешната политика ќе започне во 11.00 часот.
Членството во ЕУ не е можно без учество на граѓаните
Серијата целодневни настани „Акцијата за Европа: Ден III – Mk@EU“, на 14 септември, во Велес, ги информираше граѓаните за процесот на пристапување на Македонија во Европската унија.
Велешани имаа можност да дебатираат со дипломатските претставници од Шпанија и Португалија. На дебатата „Со нашите пријатели поблиску до ЕУ“ учествуваа амбасадорот на Португалија во Република Македонија, Луиш де Алмеида Сампајо, заменикот - шеф на мисијата на шпанската амбасада во Македонија, Марија Анџелес Гарсија де Лара, претставничката од португалскиот Институт за меѓународни односи, Соња Родригез и претставникот од шпанскиот Кралски институт „Елкано“, Хулио Креспо.
За португалскиот амбасадор, Луиш де Алмеида Сампајо, нема сомнежи дека Македонија и припаѓа на Европската унија. Зборувајќи за евроинтегративниот процес на неговата земја нагласи дека десетгодишната напорна дипломатска работа не била доволна за Португалија да прерасне во развиена земја. Португалија, спровела реформи во многу области, како образованието и јавната администрација, а подлабоките промени дошле по пристапувањето во Унијата, кога поголемите европски фондови станале достапни за државата. Португалија и Шпанија, нагласи Сампајо, и покрај долгата историја на војни и несогласувања, сега имаат одлични политички, дипломатски и економски односи, додавајќи дека помирувањето со соседите не значи губење и на националниот идентитет. За амбасадорот Сампајо, членството во ЕУ не е можно без учеството на силно граѓанско општество и уште посилно индивидуално учество на граѓаните, во процесот на пристапување.
Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Младинскиот образовен форум (МОФ), организираат дебата на тема „Македонија и Европската унија“. Од нивно име и од име на Фондацијата Фокус како локален партнер за Велес,
Ве покануваме да земете учество на дебатата која ќе се одржи на 14ти Септември (понеделник), во Ликовниот салон во Велес со почеток во 12:00ч.,а ќе продолжи во салата „Бели мугри“ во 16:00ч.
За време на настанот ќе се одржат две дебати, една информативна сесија,презентација на куси документарни филмови и една театарска претстава со следниот тек: