Почитувани, Фондацијата за локален равој и демократија ФОКУС, во врска со соопштение , на Општина Велес, од 02 октомври 2007 година, за прибирање на проекти од поширок интерес, во насока на подготовка на нацрт - програмите за активностите на Општина Велес во 2008 година, побара од надлежните во Општина Велес дообјаснување и одговори на прашања за следниве параметри предвидени во постапките за поднесување на предлог проекти и активности.

Нашето барање го доставивме, на 03 октомври 2007 гоаина, затоа што се определивме да тендираме кон предлагање на конструктивни и реални предлози и идеи за 2008 година. Но, согласно соопштението на Општина Велес, крајниот рок беше 15 октомври 2007 година, а ние НЕ добивме НИКАКОВ одговор, затоа целосното писмо Ви го презентираме, се надеваме, дека можеби поштата затаила.

Прашањата, кои го доставивме до Општина Велес, се однесуваа на дообјаснување на параметрите за јасно дефинирање на транспаретност, одговорно управување, отчетност, одговорност и демократски принципи, при креирањето на Годишните програми и Буџеттот на Општината за 2008 година.

Редовната петта седница на Управниот одбор на Фондација ФОКУС, ќе се одржи на ден 01 октомври 2007 год. (понеделник) со почеток во 19.00 часот

Image10.02.2007 – Питијада
Растеме, се развиваме и по трет пат подготвени му погледнавме во очи на предизвикот „Питијада 2007“. Примивме повратен импулс од граѓаните. Не поддржаа во голем број. Тројството се потврди како формула за успех. Ние, локалната власт и бизнис секторот.