Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Љубљана ,19-23.09.2016 - Дванаесет жени Креативки од Вардарскиот регион, од 19 до 23 септември годинава беа на тридневната студиска посета во Љубљана, Република Словенија. Креативките од Велес, Свети Николе, Чашка и Неготино имаа можност да видат како тамошните креативни жени изработуваат производи, обезбедуваат конкурентност на пазарот и заработуваат. Тие ги посетија продавниците за рачни изработки „Три Мухе, „Ика“ а беа во посета и на словенечката невладина организација „Сметумет“, која исто така се занимава со изработка на најразлични предмети од рециклиран материјал.

Нежилово, 18.09.2016 - Креативки од проектот Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион, учествуваа на мини базар што во неделата (18 септември) се одржа на рибникот во село Нежилово Општина Чашка. На базарот дел од жените ги изложија своите рачно изработени предмети на кои работеа во изминативе две години. Разни парчиња накит, украсни предмети, производи од волна, можеа да се најдат на штандовите во дворот пред рибникот. Гостите не ги одминуваа, напротив со големо внимание ги разгледуваа, се воодушевуваа и ги купуваа.

Проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“ се реализираше во изминативе 27 месеци во организација на Фондација Фокус и партнерите ИРД и Министерството за надворешни работи на Словенија.