WEB

Градско, 28.12.2016, На директни средби со граѓани на општина Градско, Фондација „Фокус“ ја претстави својата веб интерактивната алатка http://prioriteti.focus.org.mk/ . На граѓаните им беше објаснето како и зошто може да ја користат алатката преку која може да ги даваат своите предлози за развојот на локалната заедница во текот на целата година.
Фондација „Фокус“ изработи упаство за користење на интерактивната алатка и истото го подели на граѓаните со цел да ја доближи апликацијата до што е можно поголем број граѓани.

Покрај средбата во Градско, претходно Фондација „Фокус“ организираше средба со граѓаните на општина Велес, а во следниот период вакви слични средби ќе бидат организирани и со жителите на општините Лозово и Чашка кои исто така може да доставуваат свои предлози и идеи на веб алатката.

Оваа активност беше поддржана од Цивика мобилитас.

13.09.2016, Велес, На директна средба со граѓаните на општина Велес, Фондација „Фокус“ ја претстави веб интерактивната алатка www.prioriteti.focus.org.mk на која велешани може да ги даваат своите предлози за развојот на локалната заедница во текот на целата година. На заинтересираните граѓани им беше објаснет начинот на кој функционира веб алатката и како тие може да ги достават своите предлози.

13.09.2016, Велес, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ ги поттикнува граѓаните на општина Велес да ги достават своите предлози и идеи за подобрување на локалниот развој со цел истите да бидат вклучени во креирањето на нацрт-програмите за активностите на општината во следната 2017 година. Велешани најдоцна до 16 Септември своите предлози во електронска форма може да ги поднесат на веб страницата на општината или истите да ги достават на хартија во просториите на општина Велес.