Фондацијата „Фокус“ учествуваше на регионална конференција во Загреб, посветена на системите за осигурување квалитет во граѓанските организации.
На конференцијата беа промовирани стандардите за осигурување квалитет во граѓанските организации и тоа: ИСО, ПИКАСО и СОКНО и беа споделени искуства од нивната досегашна примена.
Претставниците од граѓанските организации од Македонија заедно со претставниците од TACSO канцеларијата изработија акциски план за промовирање на постоечките модели и воведување на стандарди за квалитет на граѓанските организации и во нашата држава.
Со оглед на тоа дека многу тешко се доаѓа до информации за постоечките стандарди како и контакт од организации кој ги имаат воведено или работат на воведување на истите, конференцијата беше одлична можност да се стекне целосна претстава за овој процес.

На 15 јануари 2010 година, се реализира првата Видео средба меѓу деца - ученици од ООУ „Св Кирил и Методиј“ Велес и ОУ „Ст. Јован“ Ливеро, Долна Нормандија - ФРАНЦИЈА. Оваа средба е организирана на самиот почеток на имплементацијата на програмата за поддршка на децентрализацијата во Македонија од регионот Долна Нормандија - Франција. Видео средбата ја организираа Фондацијата ФОКУС од Велес и Јавниот дигитален клуб од Ливеро.
Во рамки на регионалниот проектот "Партнерство - реалност или реторика?" финансиски поддржан од Институтот отворено општество - Романија, ФИООМ и Balkan Trust for Democracy, во периодот 21 - 23 номеври 2008 година, во Крајова, област Дољ, Романија, делегација од 6 члена учествуваше на конференција на тема „Социјална модернизација и глобалниот развој“.