Фондација „Фокус“ учествуваше на еднодневна регионална конференција во Албанија на тема: "Развој на корпоративната социјална одговорност - предизвици и практики во регионот".
Во периодот од 13-ти до 17-ти јуни, извршната директорка на Фондација „Фокус“, г-ѓа Веса Шкортова, во рамки на програмата People2People оствари студиска посета во Брисел, Белгија.

Во периодот од 23-25.01.2011 година, Дејан Ристов, Координатор на Младинскиот клуб, учествуваше на меѓународна конференција на тема: „Проактивни млади на Балканот“. Целта на конференцијата беше младите од државите на Балканот да ги споделат своите искуства во споведувањето на младинските иницијативи, да разменат искустав и добри практики и да создадат простор за соработка и заеднички настап.