Велес, 08 јануари 2016 - Околу четиристотини производи изработија педесет и петте креативни жени од Вардарскиот регион кои учествуваат во проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“ на Фондација Фокус. Рачно изработени накит, плетени и декорирани  јаки, џемпери, ташни, волнени шалови, наметки, предмети изработени од хартија и рециклиран материјал се само дел од изработките на жените. Тие ги предадоа во Креативниот центар во Велес. Одговорните во проектот, поголемиот дел од изработките на жените, кои што се од останатите општини во регионот, ги земаа откако ги посетија во градовите во кои живеат. Меѓу изработките  има ексклузивни примероци. Сега следи фазата на нивно фотографирање по што ќе бидат објавени во каталог и на веб страницата „Креативка.мк“.

naslovna centar

Велес, 26 декември 2015 - Фондација Фокус, во партнерство во ИРД, словенска невладина организација за меѓународна помош и развој, во период од 27 месеци, од Јули 2014 до Септември 2016 спроеведува проект за Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион, финансиран од Министерство за надворешни работи на Р. Словенија. Целната група, ни се невработени жени од Вардарскиот регион, вкупно 50 вклучени во реализацијата на проектот и активностите.
Целта на проектот е да се развијат креативните вештини да жените, и да се зголеми нивната свет за искористување на истите во претприемачки цели, односно - пласирање на нивните креативните изработки на пазарот, и генерирање сопствени приходи, преку продажба.

kreativen centar

Фондација „Фокус“ стана официјална членка на Здружението на агенции за локална демократија АЛДА. Во АЛДА членуваат повеќе од 150 членови (вклучувајќи ги и локалните власти, асоцијации на локалните власти и невладините организации) кои доаѓаат од повеќе од 30 земји а работат на промоција на доброто владеење и граѓанското учество на локално ниво.