На ден 04.06.2013 година Младите Европски Промотори меѓу соучениците од четирите средни училишта ги десиминираа обработените прашања и одговори за Европската Унија, воедно делејќи им беџови со лого кои самите го осмислија – отсликувајќи ја перцепцијата за тоа како ја доживуваат Европа.
Во просториите на Фондација „Фокус“ се одржа креативна работилница „Ние и ЕУ“ на која учествуваа волонтерите од Младинскиот клуб „Фокус“ а чија цел беше дизајнирање лого коe ја одразува визијата на младите за ЕУ.
Од повеќето предложени идеи и изработени логоа од страна на самите волонтери ,тие го одбраа логото кое најсоодветно ја претставува ЕУ .
Фондацијата „Фокус“ во соработка со Европската Делегација и ЕУ Инфо центарот од Скопје реализираа настан по повод одбележување на Денот на Европа 9 ти Мај.
На настанот присуствуваа голем број граѓани, случајни минувачи, ученици од средните и основните училишта кои пројавија интерес за активно учество во информативната и интерактивна секција за ЕУ.Исто така штандот беше посетен и од Градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев и првиот секретар на амбасадата на Република Романија во Република Македонија Октавијан Сербан.
Штандовите кои беа поставени околу фонтаната во младинскиот парк беа од промотивен информативен и интерактивен карактер.