Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Image

На 4 јули 2009 год, во 12 часот во Автокампот „АС“ во Струга започнува вториот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“. Хепенингот е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници. Ќе бидат претставени народни носии, ракотворби, традиционални јадења и фолклорни игри од различни градови во Македонија.

Настанот ќе го отвори Н.Е. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија и ќе го промовира „Водичот за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“. Во рамки на хепенингот, во амфитеатарот на Евроколеџот во Струга  ќе бидат организирани две панел дискусии: „Сегрегацијата во образованието – предизвик за мултиетничкото општество“ и „Дали Охридскиот рамковен договор донесе подобрување на меѓуетничките односи?“

Како завршница на еднодневниот мултиетнички хепенинг, со цел создавање простор за дружење на младите, од 20 до 24 часот ќе настапат Мајка бенд, Паркети, Бени & Нон Стоп и Кирил Џајковски.

Влезот за сите посетители на хепенингот е слободен.

Настанот го организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ.

Почитувани сограѓани, подоллу е писмо објавено од нашите Верни пријатели www.velenews.mk прашањето е само дали е само обична реакција или ????

Исплашено писмо до непознат заканувач !

Видно потресени и неручани поради заканата (којзнае дали и ќе вечераме), некако собираме сила да одговориме на твојата наредба.Од една страна сме замрзнати од  мислата дека можеш да не  хакнеш, но од друга страна среќни што конечно најдовме некој што ја застапува (втората) страна од црната топилничка приказна. Вака исплашени, (од под кревет) најпонизно молиме,(пред да не хакнеш) да ни дадеш неколку информации(оти нели тебе те пратиле да го браниш загадувачот)
Предпрашање - Дали местоположбата на Топилницата е грешка и ако е така, кој би не натерал ПАК да живееме со грешката што им ги урниса животите на велешани? Ние нашата грешка си ја плативме со животи на велешки бебиња кои се раѓаа и заминуваа истовремено.

Image


Велешани порачуваат: Власта нема право да ни ја одземе иднината!

Македонија ги изгуби основните демократски вредности. Слободата не постои, таа е заменета со цензура и самоцензура. Наместо култ кон Уставот и уставните принципи, во Македонија се гради култ на личноста. Мегаломанијата на актуелната власт го гази македонскиот дух и ги затвара сите врати кон Европа и кон иднината.

Со овие констатации, иницијаторите на движењето Граѓани за европска Македонија (Мерсел Биљали, Никола Гелевски,. Бранко Героски, Жарко Трајановски и Владимир Милчин) ја започнаа синоќешната трибина во Велес, втора од серијата средби и разговори со граѓаните за состојбите и перспективите на Македонија.

Салата на општина Велес беше исполнета речиси до последното место со граѓани од различна возраст кои сакаа да ги споделат своите ставови, мислења и грижи за Македонија и нејзината иднина.