Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата „Фокус“ од Велес,  имаше свое преставување на настанот „Моите американски пријатели“, кој се одржа на 20.04.2011 во Младинскиот парк, каде  ги презентираше реализраните проекти, поддржани од фондовите на УСАИД.

Настанот  беше организиран, по повод  50 годишниот јубилеј на  мировниот корпус  од САД, како  и  15 години од делувањето на мировниот корпус во Република Македонија.

 

 

Во организација на Младинскиот образовен форум и Фондацијата „Фокус“, на 24 март годинава во просториите на Општина Велес се одржа трибина на тема: „Каде е иднината на младите?“. На трибината беше презентирано  истражувањето на Младинскиот Образовен Форум  спроведено во пет области: доверба во институции, социјална вклученост, граѓанско учество, образование и воншколски активности. Во истражувањето учествуваа 3607 млади од Македонија од кои  280 од Велес. Желбата за напуштање на земјата која според истражувањето е ја искажале над 50% од испитаниците поттикна широка  дискусија на трибината.

 

 

 
Image
 
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ТРИБИНА
Велес, 18 јуни 2010, сала на Општина Велес, 18 часот

 

Иницијативата „Граѓани за Eвропска Македонија“ (ГЕМ) започна нова серија средби со македонските граѓани. На 18 јуни 2010 ГЕМ организира трибина во Велес, во салата на Општина Велес, со почеток во 18 часот.

Иницијаторите (Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски) и членовите на ГЕМ ќе продискутираат со граѓаните на тема
Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис?
Македонија се наоѓа во еден од позначајните моменти во процесот на евроинтеграција, а тоа е поводот за средба и конструктивна дебата со граѓаните.



Со почит,
Граѓани за Eвропска Македонија