Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Велес, 17 декември 2015 -  Повеќе од 25 фирми од Велес, Кавадарци, Чашка,  Штип и Виница ја посетија обуката за спроведување на целосно електронска постапка за јавни набавки. Постапката за учество на тендери за јавни набавки која се спроведува по целосно електронски пат на претставниците на микропретпријатијата им беше презентирана од  сертифициран обучувач од Бирото за јавни набавки.

obuka cgk

Струмица, 27 септември 2014 - претставници на стотина фирми од 35 општини од источниот, југоисточниот, североисточниот и од вардарскиот регион учествуваа на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за нивно идно здружување за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки. Конференцијата е можност за размена на искуства од учеството на фирмите на тендерите и за идните предизвици кои им стојат на патот кон поголемо и посоодветно учество на пазарот на јавни набавки.

     strumica 1strumica 2

На 02 и 04 април 2013 година во просториите на Фондација „Фокус“ се одржаа две обуки за јавни набавки на микропретпријатијата. На обуките присуствуваа вкупно 30 претставници на фирми од општините Велес и Чашка. Во следниов период со вакви обуки ќе бидат опфатени уште 70 микропретпријатија од општините кои припаѓаат во Вардарскиот плански регион.

obuki usaid  obuki usaid 3
Целта на обуките е микропретпријатијата да се стекнат со вештини за користење на системот за електронски набавки. Обуките се одржуват во рамки на Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до  јавните набавки кој го спроведува Центарот за граѓански комуникации во партнерство со фондација „Фокус“ (за  Вардарскиот регион) и “Ехо“ од Штип (за Источниот регион).