Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес го презентираше проектот „Читај и меѓу редови“ . Презентацијата се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, на 19 октомври 2018 година, пред останатите грантисти на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“. Покрај организациите грантисти, на презентацијата присуствуваа и медиуми, претставници од Делегацијата на Европската Комисија како и партнери на Метаморфозис и Евротинк и членови на Мрежата за медиумска писменост.

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес е грантист на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ на Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ и Евротинк – центар за европски стратегии“. Во периодот од септември 2018 година до февруари 2019 година Фокус ќе го реализира проектот со наслов „Читај и меѓу редови“ чија цел е да ја зголеми свеста кај младите во Вардарски плански регион за медиумска умешност и да поттикне градење

на критички став. Токму затоа целна група на проектот се средношколците од „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес и Гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци.

Волонтерката на Мировен корпус во Фондација за локален развој и демократија Фокус, Хејли Хогенкамп, заедно со Александар Стојковски, одржаа работилница на тема „Позитивен развој на младите“. На работилницата се презентираа начини и методи за пристап до младите, наоѓање на проблемите и решенијата, најдобриот начин на вклучување на младите во процесите на одлучување и давање можност да ја имаат клучната улога во истите.
Целта на работилницата беше да се разменат различните ставови на учесниците на работилницата за развојот на младите и да се земат во предвид при понатамошните активности.