Кампањата „Зачувај, не уништувај“ со воодушевување ја прифатија средношколците од четирите средни општински училишта во градот, кои на пораките за грижа за урбаната опрема додаваа и свои:
Не е важно што државата може да стори за НАС, ВАЖНО е што ние можеме да сториме за НЕА! ЗАЧУВАЈ НЕ УНИШТУВАЈ!!!!!
Нашиот град, наша иднина, наша одговорност!
Не уништувај ги спортските игралишта!
Зачувај ги клупите!
Зачувај ја детската насмевка, не ги уништувај детските игралишта!
Децата се нашта иднина, да ја зачуваме нивната насмевка !
Не уништувај ги спортските игралишта!
Зачувај ги клупите!
Зачувај ја детската насмевка, не ги уништувај детските игралишта!
Децата се нашта иднина, да ја зачуваме нивната насмевка !
Да се подигне урбаната свест на граѓаните!

Со оваа активност Фондацијата „Фокус“ ја доближи пораката за грижа за зачувување на урбаната опрема до средношколците и го пренесе апелот за вклучување на младите во разубавување на детските забавни терени.

Младинскиот Клуб при Фондацијата „Фокус“ го одржа јавниот настан за регрутација на средношколци и за промоција на проектните активности помеѓу граѓаните на Велес на 01.10.2011 (сабота) пред споменикот „Кочо Рацин“ (кај Гимназијата).
Тимови од членови на клубот, на 02-03.10.2011 (понеделник и вторник) ги посетија класовите во четирите средни општински училишта, преку соопштение ги презентираа досегашните активности и реализирани настани на клубот, како и активностите што следуваат во наредниот период.
На 28 и 29.06.2011 се одржа националното ЛМИ дебатно првенство во Штип, на кое се натпреваруваа 23 дебатерски тимови од Република Македонија.
По тезата „Интернет претприемништвото ќе ја развие оваа заедница“, на кое учествуваа 2 дебатерски тимови од Велес, дебатерите од младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ го освоија третото место.
