Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондацијата  за локален развој и демократија ФОКУС,  после јунскиот музичко забавен хепенинг,  продолжи да го имплементира проектот Младите за Отворено Општество - Локална Младинска Иницијатива на територијата на општина Велес,  кој е финанансиски поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ) како Имплементатор на национално ниво е Младинскиот Образовен Форум(МОФ).

Во детските забавни паркови ,,Дизни,, и ,,Тунел,, се спроведе акцијата од кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. Градоначалникот и дел од администрацијата на општина Велес, како и волонтери од извиднички одред ,,Димитар Влахов,, учениците од основните училишта Васил Главинов и ЈХК Џинот, Детски младински парламент, Клубот на млади пеи Црвен Крст, Чекори на млади и Фондација Фокус ја реконструираа урбаната опрема на двете локации. Се фарбаа лулашките и останатата рекреативна опрема и се променуваа искршените клацкалки и клупи.
Целта на акцијата е  да се поддигне свеста и одговорност на граѓаните, особено на младите кон зачувување на веќе поставената урбана опрема.

 

На 25.11.2011 година во ООУ ,,Рајко Жинзифов,, во село Горно Оризари беше промовирана кампањата ,,Зачувај, не уништувај,,. На барање на претпоставените од училиштето, координаторот на младинскиот клуб ,,Фокус,, Дејан Ристов ја промовираше кампањата пред повеќе од триесетина ученици. Покрај презентацијата беше поделен и промотивен материјал од кампањата.