Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Image

Младинскиот клуб при Фондацијата “Фокус” во рамките на проектот „Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива“, кој се реализира во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ), финансиски поддржан од ФИООМ,  организира јавен настан со наслов:

„Биди урбан во Велес “

Јавниот настан го организираме со цел да се подигне урбаната култура помеѓу младите во Велес преку стрип цртање, ликовни работилници, промоција на фотографии, цртање на графити, музички настап, модерен балет и возење на ролерки.

Настанот ќе се одржи на ден 17.06.2009 год (среда) со почеток од 19:00 часот, во младинскиот парк на Општина Велес.

Посебна чест ќе ни претставува доколку и Вие присуствувате на настанот и ги проследите креативните творби и промоцијата на младите уметници од Велес.

Image

Голема спортско - хуманитарна манифестација на Општина Велес, Општинската организација на Црвениот крст, Сојуз на училишен спорт, Друштвото на спортски педагози и  Фондацијата за локален развој и демократија  „Фокус“  на  заедничка прес конференција ја најавија големата спортско рекреативна и хуманитарна манифестација. „СПОРТУВАМЕ ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“.

Оваа активност  претставува дел од планираните активности на Општина Велес во областа на спортот за 2009 година.
Манифестацијата годинава се одржува за прв пат со тенденција да се проширува и да прерасне во традиционална.

Оваа голема спортско – рекреативна и хуманитарна  манифестација ќе се одржи на 6 јуни 2009 година на Градскиот стадион и на спортските терени во Градскиот парк.

 

Дебатните тимови на Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин ги освоија првите места.

Image

Во организација на Младсински образовен форум вчера во Неготино се одржа полуфиналето од циклусот дебати на тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година".

Учествуваа осум дебатерски групи од  Неготино, Кичево, Битола и Велес.Двата тима кои го преставуваа Велес се членови на дебатниот тим при Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин.

Надица Кулеџиовска, Надица Трајковска, Марија  Лазовска беа дебатерите од тимот на афирмативци кои на зададената тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година" го освоија првото место.

Дебатерите за прв пат  дебатираа на англиски јазик.Она што е интересно според организаторите е високиот степен на познавање на предностите на ЕУ и ставот дека Македонија потребно е што поскоро да стане дел од европското семејство.