Фондација за локален развој и демократија Фокус Велес на дебата со жителите на општина Чашка. Дебатата се одржа на 23.01.2018 година во просториите на основното училишта Тодор Јанев. Пред граѓаните беше презентирана алатката „Приоритети“ преку која тие ќе можат да ги доставуваат своите идеи, предлози и решенија од сферата на комуналната и инфраструктурната дејност.
Во соработка со општина Градско, на 01.12.2017 година, се одржа дебата на тема „Волонтер – Волонетрство„ која е во рамки на реализација на годишните активности на фондацијата поддржани од CIVICA Mobilitas. Целта на оваа дебата беше да се потенцира важноста и непроценливата вредност на придонесот врз доброволна основа. Пред приустните млади, преставници на месни заедници, доброволни против пожарникари, пензионери, лица со посебни потреби, Диме Велев преставник на фондацијата, ја презентираше рамката на волонетрството во светот и Република Македонија. Потенцирајќи дека волонтерството не е загубено време, напротив тоа е непроценливо стекнато искуство и добивка, ги објасни можностите за волонтирање, особено законски регулираните права на волонтерот и обврски кои треба да се остварат.
На ден 01. Декември 2017 година, Фондација за локален развој и демократија „Фокус“одржа инфо-средба во општина Градско со наслов „Фокусирани во развојот на локалните заедници“. Воведно обраќање на средбата имаше Дејан Ристов, кој ги наброја сите активности и настани што Фондацијата ги реализирала во соработка со општина Градско и тоа од програмата за добро управување, работилници за утврдување на приоритети, квартални инфо средби, јавни расправи по нацрт програмите како и поставувањето на инфо табли за соопштенија и одлуки од гласниците на општината.