Во рамки на активностите од програмата на Фондација за локален развој и демократија Фокус, поддржана од програмата Цивика мобилитас, тимот на Фокус одржа работен состанок со претставници на бизнис заедницата во Велес.Тие имаа можност да слушнат за мисијата и визијата на Фондација Фокус, проектите кои ги реализирала во изминатиот период од нејзиното постоење како и за плановите и проектините идеи што има намера да ги реализира во иднина.
Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес присуствуваше на завршната Конференција на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“, во организација на Центарот за еколошка демократија Флорозон и Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ. Како еден од десетте регрантисти Фокус, во рамки на проектот, подготви еколошко истражувачка приказна со наслов „Еколошка бомба демнее над велешани, има ли решение за згурата од Топилница“. На конференцијата тимот на Фокус ги презентираше предизвиците со кои се соочи при подготовката на истражувачката приказна.
Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ - Велес во соработка со новинари изработи еколошко - истражувачка приказна, како дел од проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ поддржан од Европската Унија преку Инструментот за поддршка на граѓансото општество, Акција 2014 за градење на капацитети на граѓански организации и слобода на медиуми, на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ од Скопје и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Скопје.