Фондација за локален развој и демократија Фокус оствари средба со градоначалникот на општина Градско, Роберт Бешовски. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу општината и Фондацијата прељку аплицирање и реализација на заеднички проекти во насока на подобрување на локалната заедница. Градоначалникот Башовски најави дека општината има потреба од обновување и подобрување на капацитетите на волонтерската противпожарна бригада, како и на подигнување на повисоко ниво на спортскиот клуб „Локомотива“. Фондација Фокус, во рамки на програмата Civica Mobilitas ќе одржи дебата во општина Градско, на тема волонтеризам со акцент на противпожарната дејност, екологијата и спортот во општината. Соработката со општина Градско Фондација за локален развој и демократија ќе ја стартува со потпишување на меморандум за соработка.
Фондација за локален развој и демократија„ Фокус“ Велес ја унапреди соработката со општина Чашка за реализација на заеднички програмски, проектини активности и иницијативи. На средбата со градоначалникот на општината, Горан Стојановски, тимот на Фокус ја образложи потребата од меѓусебната соработка и нејзиното значење во интерес на локалната заедница. Градоначалникот Стојановски побара Фондација Фокус да и помогне на општината во обновување и развивање на граѓанскиот сектор на општина Чашка, со цел реализирање на проекти со кои ќе се унапредува локалната демократија преку вклучување на граѓанските органзиации во развојот на руралниот и планинскиот туризам. Со намера што поскоро да стартува со тие активности, Стојановски најави отворање на инфо биро во кое граѓаните ќе се информираат за сите природни убавини, обележја и знаменитости на Азот. Во рамки на програмата Civica Mobilitas Фондација Фокус во следниот период ќе одржи дебата во општина Чашка, на која ќе се отвори потребата од поддршка граѓански организации преку која ќе се реализираат проекти од различни теми, произлезени од потребите на граѓаните. Соработката со општина Чашка и Фондација Фокус ќе ја стартува со потпишување на меморандум за соработка.
Пет работни средби за консултации со сите вклучени страни во процесот на јавни набавки досега беа одржани во Велес, Струга, Штип, Струмица и Тетово со цел прибирање мислења за утврдување финална листа на стандарди за мерење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки. Целта на средбите на кои што учествуваат претставници на договорни органи, бизнис-сектотор и невладините организации е да се разменат мислења за предлог листата на индикатори/стандарди за мерење на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки на институциите на национално и на локално ниво, изработени од Центарот за граѓански комуникации.