cacaslikaohrid fin

Охрид, 23-25.11.2018

Заврши и последната од петте интензивни обуки на кои 61 претставник на граѓански организации од сите региони во земјава научија како можат да го следат трошењето на јавните пари преку тендерите, секој во своето место на делување или според областите на интерес.

Донесувањето на ДУП да не зависи од „моќници” со желба за спроведување на лични интереси туку општина Велес да го превземе уредувањето на просторот во интерес на граѓаните и нивните потреби во локалната заедница. Во дискусијата на фокус групата составена од изведувачи и надзор, што е дел од проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ беше истакнато дека за добивање на одобрение за градба на објект просечно се чека од 3 до 4 месеци ,а некогаш и многу повеќе што дирекно влијае на работата на изведувачите.

Квалитетни урбанистички планови согласно постоечката законска регулатива за јавни набавки неможе да се добијат бидејќи основен критериум во овој Закон е најниска цена што од друга страна директно влијае врз квалитетот на изработката на плановите. Најчесто на распишаните тендери работата ја добиваат „човек фирми“ затоа што тие ја нудат најефтината цена и не вклучуваат во постапката на изработката на планот стручни кадри од различни области како на пример: сообраќајни инжинери за изработка на сообраќајни решенија, инжинери за хортикултура , електро инжинери за изработка на електрични водови, градежни инжинери специјализирани за планирање на водоводни и канализациони мрежи, за атмосверска канализација, за топловодна мрежа, за гасификација и слично, констатираа членовите на оваа фокус групата вклучена во реализацијата на проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ .