Со цел навремено доставување на предлозите од страна на граѓаните и нивно вградување во предлог програмите на општината за 2014 година, на граѓаните на општина Лозово им беше претставена веб апликацијата и можностите кои истата ги нуди.
Веб апликацијата www.prioriteti.focus.org.mk со која Фондација,„Фокус“ победи на национално ниво во категоријата е-инклузивност и оспособување е номинирана за наградата на Светскиот самит на Обединети нации во Шри Ланка.
„Ѓраѓански приоритети“ веќе ја поминаа и првата селекција на меѓународниот натпревар каде од 400 апликациции од 100 земји, членки на Обединетите нации влегоа во финалната фаза од натпреварувањето.
Фондацијата „Фокус“ одржа презентација на новата веб апликација www.prioriteti.focus.org.mk изработена со подршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Целта на апликацијата е да ја зголеми интеракцијата со граѓаните во остварување на нивните права, обврски и услуги кои ги добиваат од општините.