Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација „Фокус“  под мотото 365 ДЕНА / ДЕНАР-ЦЕНТ, започна со реализација на проектот „Воспоставување Фонд за поддршка“ за децата од социјално загрозени семејства од општините Велес, Чашка, Градско и Лозово, поддржан од Здружението Конект, ИТЗ и УСАИД.

Во Фондот ќе се собираат средства од донации на фирми, индивидуалци и сограѓани од дијаспората. Со собраните средства ќе се обезбедува храна, училишен прибор, облека и обувки за најзагрозените ученици од прво до четврто одделение од сите основни училишта од четирите општини. Вака ќе им се помага на децата да се ослободат од секојдневните грижи за да постигнуваат подобри резултати.

Ако сакате да ја покажете Вашата ХУМАНОСТ и да се придружите на нашата хумана мисија, донирајте на жиро сметките кои за таа цел се отворени во Комерцијална банка:

300270000081648

девизна 0270100249291

 

Image

На 21 февруари годинава по петти пат во ресторанот „Снупи“ се одржа манифестацијата „Велешка пастрамајлија“. Традиционалната питијада и овојпат привлече над 700 граѓани љубители на популарната „Велешка пита“ и доброто македонско вино. Петото издание на манифестацијата што ја организираат Општина Велес и фондацијата „Фокус“ немаше натпреварувачки карактер, но се беше во знакот на хуманоста.

Image

„Општина Велес и Фондацијата „Фокус“, по петти пат ја организираат манифестацијата од хуманитарен карактер „Велешка пастрамајлија“. Манифестацијата која годинава е ревијална ќе се одржи во сабота, 21-ви февруари 2009, во ресторанот „Снупи“ (Офоцерски дом), со почеток во 12 часот.

На манифестацијата ќе учествуваат сите  досегашни учесници угостители и производители на вино од повеќе градови од земјава. Питите и виното и овојпат ќе бидат достапни за посетителите по симболична цена. И годинава средствата собрани на манифестацијата ќе бидат донирани за хумани цели.

Општина Велес и Фондација „Фокус“ Ве покануваат со Вашето присуство да ја збогатите манифестацијата „Велешка пастрамајлија 2009“ и да ја потврдите хуманоста на велешани“