На иницијатива и покана на Еколошкото Друштво „Вила Зора“ од Велес, на 01 ноемви 2007 година, Фондацијата ФОКУС учествуваше на основањето на новата колација
„Македонија ГМО слободна зона“.

Фондација за локален развој и демократија ,,Фокус”
-Општина според визија на граѓаните-
О.У. Тодор Јанев, Чашка 12.11.2007

Почитувани, Фондацијата за локален равој и демократија ФОКУС, во врска со соопштение , на Општина Велес, од 02 октомври 2007 година, за прибирање на проекти од поширок интерес, во насока на подготовка на нацрт - програмите за активностите на Општина Велес во 2008 година, побара од надлежните во Општина Велес дообјаснување и одговори на прашања за следниве параметри предвидени во постапките за поднесување на предлог проекти и активности.

Нашето барање го доставивме, на 03 октомври 2007 гоаина, затоа што се определивме да тендираме кон предлагање на конструктивни и реални предлози и идеи за 2008 година. Но, согласно соопштението на Општина Велес, крајниот рок беше 15 октомври 2007 година, а ние НЕ добивме НИКАКОВ одговор, затоа целосното писмо Ви го презентираме, се надеваме, дека можеби поштата затаила.

Прашањата, кои го доставивме до Општина Велес, се однесуваа на дообјаснување на параметрите за јасно дефинирање на транспаретност, одговорно управување, отчетност, одговорност и демократски принципи, при креирањето на Годишните програми и Буџеттот на Општината за 2008 година.