Управниот одбор на Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС - Велес,на 21 јули 2009 год. (вторник) со почеток во 12.00 часот, во просториите на Фондацијата ќе ја одржи дванаесетата седница.

Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, Велес во рамки на проектот „Ние за заедницата“  чија цел е да го промовира и поттикне доброто управување во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка и да овозможи активно вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки и креирањето локални политики значајни за развојот на нивните заедници, објавува

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  ИНИЦИЈАТИВИ
на НВО за поттикнување развојни процеси во заедницата

Целта на овој повик е да им овозможи на НВО од Велес, Градско, Лозово и Чашка активно да се вклучат во развојот на локалните заедници преку креирање локални стратегии за развој и спроведување на веќе постоечките, да се вклучат во проценка и подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните како и во поттикнување  поголема транспарентност и отчетност на локалните власти и институции.

Ќе бидат поддржани конкретни иницијативи од здруженија на граѓани кои ќе се однесуваат на следните теми: воспоставување граѓански мониторинг на еднаквиот пристап, дистрибуцијата, недискриминацијата и ефективноста при испораката на јавните услуги; развивање и примена на модели за давање социјални услуги на локално ниво; активности за застапување кои водат кон воспоставување на подобри политики, процедури или практики во институциите на локално ниво; спроведување на граѓанските приоритети дефинирани на јавните расправи и одржаните работилници.

Пополнетите апликации можат да се доставуваат најдоцна до 1ви Јули 2009 година, а спроведувањето на одобрените иницијативи треба да заврши најдоцна до 31-ви октомври 2009. Времетраењето на иницијативите не е ограничено и истите можат да се имплементираат согласно потребите, а во рамки на наведениот период.

Image

Во рамките на проектот „Акција за Европа“ што во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, ФИООМ, Младинскиот образовен форум и фодацијата „Фокус“ - Велес се реализира во повеќе градови во Република Македонија, на 7-ми мај во салата на Општина Велес се одржа дебата на тема: „Планови за приближување на општината до ЕУ“.
На дебатата, пред околу 190 учесници, воведничар беше и  Амбасадорот на Република Полска Н.Е. Дариуш Карол Бахура кој пред присутните ги презентираше придобивките на Полска од влезот во европското семејство, како и преставници на ФИООМ и МЦЕО.