На 26.12.2011 година во општина Градско се одржа јавна расправа по нацрт-програмите и нацрт-буџетот на општината за следната 2013 година. На расправата присуствуваа членови на Совет, претставници од општинската администрација, претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.
Пред 90 претставници на микропретпријатија, општини и локални институции на 6 декември се промовираше регионалниот центар за поддршка на микропретпријатијата од вардарскиот регион во Велес.Преку овој регионален центар, на 100 мали и микропретпријатија ќе им се нудат обуки, секојдневна помош и консултации. На договорните органи од 9 општина, пак, ќе им се препорачаат конкретни мерки што треба да ги преземат за намалување на постојните административни и други пречки за поголемо учество на малите и микропретпријатија во јавните набавки.
Потпишан договор со UNDP за зголемување на граѓанското учество во креирање на локални политики преку користење на социјалните медиуми. Проектот предвидува подготвување на интерактивна веб апликација, преку која граѓаните ќе можат да предлагаат свои приоритети, истите да ги приоритизираат и да ја следат нивната реализација.