На 17.10.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Градско се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни заедници и здруженија на граѓани со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа претседатели на месни заедници, здруженија на граѓани, претседателот на Советот на општина Градско и претставник од општинската администрација.
Изработените сувенири од 27 девојки и жени од три населени места (населба Чашка, Мелница и Извор) во рамки на проектот ,,Промоција на убавините на Чашка,, на 19 септември беа изложени во туристичко - информативното биро сместено во центарот на општина Чашка.
Четири креативни работилници за дизајнирање и изработка на сувенири се одржаа од седми до десетти август во грнчарската работилница на обучувачот-грнчар Тони Анѓелов во населба Чашка. На сите четири обуки присуствуваа вкуно 28 жени од Мелница, Извор и населба Чашка кои дојдоа со организиран превоз.