Јавната расправа по Нацрт-програмите на Општина Велес за претставниците на институции, здруженија на граѓани и фондации и граѓани се одржа на 07.11.2012 година во големата сала на општина Велес. На неа присуствуваа 78 учесници од кои 51 претставник од НВО, 5 претставници на општинската администрација, 16 претставници од институциите и 5 членови на Совет. Проекцијата на Нацрт-програмите за активностите на општината во следната 2013 година ја преставија службениците на општинската администрација. По истите дискутираа присутните учесници на расправата, но изнесоа и свои предлози кои не беа опфатени во нацрт- документите.
На 31.10.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Чашка се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни заедници со претставници на општинската администрација. На средбата присуствуваа претседатели на месни и урбани заедници, претставници од општинската администрација.
На 18.10.2012 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Лозово се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни заедници со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа претседатели на месни заедници, советници и претставник од општинската администрација.