Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ во соработка со општина Лозово ја одржа координативно-информативната средба на претседателите на месни заедници со претставници на општинската администрација и Совет.
Целта на средбата беше да се информираат присутните за официјално усвоените граѓански предлози влезени во годишната програма за работа на Советот на општина Лозово за 2012 година, потоа колкав дел од нив се реализирани досега, како и да продискутираат за  проблемите со кои тековно се соочуваат.

losovo-infosredba 1  losovo-infosredba

Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ во соработка со општина Велес ја одржа координативно-информативната средба на претседателите на месни и урбани заедници и претставници на општинската администрација.


Целта на средбата беше да се информираат присутните за официјално усвоените граѓански предлози влезени во годишната програма за работа на Советот на општина Велес за 2012 година, нивната досегашна реализација како и дискусија за тековните проблеми.
На средбата присуствуваа 11 претставници на месни и урбани заедници, раководителот и двајца претставници од Одделението за комунална инфраструктура при општина Велес како и претставник од општинската администрација одговорен за месни и урбани заедници.

Фондацијата „Фокус“ повторно апелира за грижа и зачувување на урбаната опрема во градот. Редовниот увид во трите детски забавни паркови кои беа реконструирани пред 4 месеци покажа дека во два од нив веќе се видливи нови штети. Во еден од парковите (кај нас.„Тунел“) повторно недостасува една лулка, а во паркот познат како „Дизни“, оштетени се масичките од кои недостасуваат повеќе дрвени делови.

Единствен позитивен пример повторно се граѓаните од улицата 11ти Октомври каде реконструираниот забавен парк е во целосна функција.

                   

„Фокус“ апелира до сите граѓани за посовесно однесување кон урбаната опрема со цел да се избегне нерационалното трошење на средства за повеќекратни поправки.

„Фокус“ со своите вработени и волонтери и понатаму ќе се грижи за веќе поставената опрема и ќе организира акции за расчистување на парковите со цел што подолго да бидат во функција на граѓаните.