На 31 јули, 1 и 4 август во село Извор, населба Чашка и село Мелница се одржаа првите три креативни работилници за дизајнирање и изработка на сувенири. На обуките присуствуваа вкупно 27 жени, а уште неколку заинтересирани за проектните активности ги посетија обуките.
Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ во соработка со општина Чашка ја одржа координативно-информативната средба на претседателите на месни заедници.
Целта на средбата беше да се информираат присутните за официјално усвоените граѓански предлози влезени во годишната програма за работа на Советот на општина Чашка за 2012 година, потоа колкав дел од нив се реализирани досега, како и да продискутираат за проблемите со кои тековно се соочуваат.
Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ во соработка со општина Градско ја одржа координативно-информативната средба на претседателите на месни заедници и здруженија на граѓани со претставници на општинската администрација и Совет.
Целта на средбата беше да се информираат присутните за официјално усвоените граѓански предлози влезени во годишната програма за работа на Советот на општина Градско за 2012 година, потоа колкав дел од нив се реализирани досега, како и да продискутираат за проблемите со кои тековно се соочуваат.