На 10.12.2012 година во општина Велес се одржа јавна расправа по нацрт-буџетот на општината и програмата за работа на Совет за следната 2013 година. На расправата присуствуваа 13 учесници меѓу кои двајца  претседатели на урбани заедници, пет претставници од здруженија на  граѓани и  фондации, три членови на Совет, еден претставник од институции и двајца претставници од општинската администрација.

javna rasprava sovet

Јавната расправа по Нацрт-програмата за градежно земјиште и заштита на животна средна на просторот на општина Велес за 2013 година наменета за претставниците на месни и урбани заедници и заинтересирани граѓани се одржа на 13.11.2012 година во големата сала на општина Велес. На неа присуствуваа 81 учесник од кои 60 претставници од месни и урбани заедници, 9 членови на Советот на општина Велес, 5 претставници на општинската администрација и 7 претставници од институциите. Проекцијата на Нацрт-програмата за активностите на општината во следната 2013 година ја престави Костадин Настов, раководител на одделението за комунална инфраструктура. По истите дискутираа присутните учесници на расправата, но изнесоа и свои предлози кои не беа опфатени во нацрт- програмата.

javna gradezno  javna gradezno1