Фондацијата Фокус, успешно ги реализира сите планирани годишни и проектни активности во 2010 г. за што уште еднаш ја доби довербата од донаторите и потпиша продолжување на институционалниот грант за реализација на својата годишна програма за следната 2011 г. во износ од 1.073.760,00 мкд.
Фондацијата „Фокус“ донираше 3 (три) користени компјутери за исто толку здруженија на граѓани од општините Велес, Лозово и Градско.
Опрема вредна 24 илјади долари (4 компјутери, печатар, телефонска централа, сервер, клима уред и возило) на Фондација Фокус и подари УСАИД. Припоредавањето на опремата во просториите на Фондацијата го изврши г-дин Ерик Пасифик, директор на канцеларијата за демократија и локална самоуправа во УСАИД.