Во рамки на проектот за Институционален развој на Фондацијата „Фокус”, кој е финансиски поддржан од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) од фондовите на УСАИД, на 26 и 27 септември во Хотелот Молика се одржа работилница за „Подготовка на стратегија за финансиска одржливост на Фондацијата Фокус од Велес”.
Фондацијата за локален развој и демократија – Фокус е невладина и непрофитна организација со седиште во Велес, Република Македонија. Мисијата на организацијата е насочена кон унапредување на демократијата, локалниот развој и граѓанското општество. Развива и поддржува иницијативи кои се темелат на добро управување и одговорно граѓанство во општините: Велес, Градско, Лозово и Чашка.
Во рамки на програмските активности Фондацијата „ФОКУС“ го реализира проектот „Ние за заедницата“ поддржан од Институтот за Трајни Заедници (ИТЗ) Скопје, преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави (УСАИД). За потребите на проектот го објавуваме следниов:
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ
Од консултантот се очекува да работи на изградба на капацитети на претставници од НВО за следење на процесот на подготовка и реализација на општинските програми и буџети и да направи анализа на опфатот на предложените граѓански приоритети во годишните програми и буџети на општините: Велес, Градско, Лозово и Чашка.
Согласно предвидените проектни активности, консултантот треба да:
- Одржи тридневна обука за процесот на подготовка на општински буџети;
- Подготви основна методологија за следење на реализација на општински буџети;
- Обезбеди консултантска /менторска поддршка на НВО за подготовка на методологија за мониторинг во соодветните општини од кои доаѓаат претставниците на НВО;
- Подготви компаративен извештај за опфатот на граѓанските приоритети во годишните програми на општините.
Кандидатите треба да ги исполнaт следниве услови:
• Да имаат искуство во одржување обуки за процесот на креирање и реализација на општински програми и буџети;
• Да имаат искуство во подготовка на компаративни студии и извештаи;
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
• Кратка биографија;
• Предлог методологија за мониторинг и анализа на програми и буџет;
• Предлог програма за обука;
• Листа со референци;
• Цена на чинење на услугата.
Ангажманот се однесува на вкупно 20 работни денови во периодот од февруари до ноември 2009
Документите, може да се достават лично во просториите на Фондацијата или да се испратат на следната адреса:
Фондација за локален развој и демократија „Фокус“-Велес
на ул. „Трајче Панов“ 22, 1400 Велес,
со назнака ЗА ЈАВЕН ПОВИК
Јавниот повик е отворен до 27 јануари 2009 година. Избраниот кандидат ќе биде контактиран најдоцна до 02 февруари 2009 год.
Дополнителни информации за јавниот повик може да се добијат на веб страната на Фондацијата, www.focus.org.mk и на телефон: 043 221 583 секој работен ден од 9:30 до 16:00 часот.
Лица за контакт:
Веса Шкортова и Димче Велев
Фондација ФОКУС, на 01 декември 2008 година, потпиша Договор за годишен грант со ИТЗ (Институтот за трајни заедници) во рамки на програмата за јакнење капацитети на граѓанските организации, финансирана од УСАИД. Висината на грантот изнесува УС$ 25.083.
Со средствата добиени од ИТЗ, фондацијата ќе го реализира проектот НИЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА кој има за цел да го зголеми учеството на граѓаните во донесувањето одлуки и креирање локални политики значајни за развојот на нивните заедници. Проектот ќе се реализира во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка.