едногласно е избрана за прв претседател на координативното тело за борба против корупцијата во Општина Велес
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС – Велес во соработка со Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, за потребите на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“, кој е кофинансиран од Европската комисија во рамките на Кампања 4 на Европската иницијатива за демократија и човекови права (EIDHR): унапредување на еднаквоста, толеранцијата и мирот и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), распишува конкурс за прием на eден локален координатор, со работно време од 80% работни часови месечно, до завршување на проектот.
Во деновите 14 и 15 декември 2007 година, Основачите и членовите на Управниот одбор на Фондацијата ФОКУС, одржаа работиолница на која се дефинираше Стратегијата за развој на Фондацијата за локален развој и дем ократија ФОКУС Велес за периодот 2008 - 2012 година.