Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

На 28 и 29.06.2011 се одржа националното ЛМИ дебатно првенство во Штип, на кое се натпреваруваа 23 дебатерски  тимови од Република Македонија.

По тезата „Интернет претприемништвото ќе ја развие оваа заедница“, на кое учествуваа 2 дебатерски тимови од Велес, дебатерите од младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ го освоија третото место.

 

 

 

 

Младинскиот клуб на Фондацијата „Фокус” во рамките на проектот Младите за отворено општество - Локална младинска иницијатива на 25.06.2010 година (петок) ќе ги реализира следните активности:

Со почеток во 13.00 часот во просториите на Фондацијата ќе организира трибина со наслов „Преку неформално образование до најдобро сознание “. За придобивнките кои може да ги стекнат средношколците во неформалното образование ќе говорат Веса Шкортова, извршен директор на ,,Фокус,, м-р Асен Прличков, психолог, Маја Хеско, социолог, Дијана Иванова, новинар, Бобан Пановски правник од Техничко-технолошкиот факултет, Мартин Алексовски соработник од МОФ и Страхил Тодоров како модератор.

Image

Во 18.00 часот во Младинскиот парк, ќе организира изложба на фотграфии од активности и настани на клубот со наслов „Преку неформално образование, до најдобро сознание “.

Со овие активности ќе се одбележи две годишното работење на клубот.

 

 

 

 

Работилницата на тема „Младинско вработување“ се одржа на 25.03.2010, во просториите на Фондацијата „Фокус“. На неа учествуваа членовите на младинскиот клуб при Фондацијата „Фокус“ , од бизнис секторот, студенти од Техничко-технолишкиот факултет и професори од средните училишта.

 

 

 

На работилницата средношколците ги искажаа своите мислења и идеи за тоа како може да се намали степенот на невработеност, а воедно и беа заинтересирани за начините за младинско самовработување и креирање на свој сопствен бизнис. Одговорите на овие прашања ги дадоа преставниците од бизис секторот и дел од излагачите наработилницата, кои беа пријатно изненадени од заинетересираноста на младите да станат млади претприемачи, подготвени да превземат ризик и да целат кон успехот.