Голема спортско - хуманитарна манифестација на Општина Велес, Општинската организација на Црвениот крст, Сојуз на училишен спорт, Друштвото на спортски педагози и Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ на заедничка прес конференција ја најавија големата спортско рекреативна и хуманитарна манифестација. „СПОРТУВАМЕ ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“.
Оваа активност претставува дел од планираните активности на Општина Велес во областа на спортот за 2009 година.
Манифестацијата годинава се одржува за прв пат со тенденција да се проширува и да прерасне во традиционална.
Оваа голема спортско – рекреативна и хуманитарна манифестација ќе се одржи на 6 јуни 2009 година на Градскиот стадион и на спортските терени во Градскиот парк.
Дебатните тимови на Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин ги освоија првите места.
Во организација на Младсински образовен форум вчера во Неготино се одржа полуфиналето од циклусот дебати на тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година".
Учествуваа осум дебатерски групи од Неготино, Кичево, Битола и Велес.Двата тима кои го преставуваа Велес се членови на дебатниот тим при Фондацијата Фокус и гимназијата Кочо Рацин.
Надица Кулеџиовска, Надица Трајковска, Марија Лазовска беа дебатерите од тимот на афирмативци кои на зададената тема „Перспективите на Западниот Балкан за членство во ЕУ до 2015година" го освоија првото место.
Дебатерите за прв пат дебатираа на англиски јазик.Она што е интересно според организаторите е високиот степен на познавање на предностите на ЕУ и ставот дека Македонија потребно е што поскоро да стане дел од европското семејство.
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС, после јунскиот музичко забавен хепенинг, продолжи да го имплементира проектот Младите за Отворено Општество - Локална Младинска Иницијатива на територијата на општина Велес, кој е финанансиски поддржан од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ) како Имплементатор на национално ниво е Младинскиот Образовен Форум(МОФ).