Проектот „Иднината сум и јас” што започна да го реализира Фондацијата „Фокус“, финансиран од страна на Механизам за граѓанска отпорност на ЕУ, има за цел да изврши значително подобрување на полето на промоција и едукација на правата на младите и нивното учество во процесот на донесување на одлуки во Општина Велес, на сите нивоа. Проектот се реализира преку едукација на 120 млади ученици од четирите средни училишта во Општина Велес со цел да создаде тело кое ќе работи на едукација, иницијација, додавање и мониторинг на правата на младите на сите нивоа во општеството.