средба во Градскo
На 13.10.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Градско се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни и урбани заедници со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа 7 претседатели на месни и урбани заедници, претседателот на Советот на општина Градско, двајца членови на Советот и претставник од општинската администрација.
На средбата претседателите на месни и урбани заедници ги идентификуваа граѓанските приоритети за следната 2012 година и тоа:
средба во Велес
На 07.10.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус“ и општина Велес се одржа координативно-информативна средба на претседателите на месни и урбани заедници со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа 10 претседатели на месни и урбани заедници, претседателот на Советот на општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, член на Советот г-а Билјана Тевчева Кушинова од советничката група на СДСМ и г-дин Благој Калузаров, претставник од општинската администрација.
На почетокот на средбата новоназначениот претставник од општинската администрација одговорен за месни и урбани заедници, Благој Калаузаров на присутните им објасни дека во иднина ќе се практикува писмена комуникација помеѓу претседателите и општината со цел да се има поголем увид и евиденција на поднесените документи.
На почетокот на средбата новоназначениот претставник од општинската администрација одговорен за месни и урбани заедници, Благој Калаузаров на присутните им објасни дека во иднина ќе се практикува писмена комуникација помеѓу претседателите и општината со цел да се има поголем увид и евиденција на поднесените документи.
На 29.03.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Чашка се одржа првата овогодинешна координативно-информативна средба. На средбата присуствуваа 19 учесници од кои 10 претседатели на месни заедници, двајца претставници од општинската администрација, претседателот на Совет и 6 советници.
Претставникот од општинската администрација Горан Игнов ги информираше присутните колку од предложените граѓански приоритети се влезени во годишната програма на Советот на општина Чашка и какви се можностите истите да бидат реализирани до крајот на годината.