по Нацрт-документите општина Лозово за 2011 година

На 16.12.2010 година во организација на општина Лозово и Фондацијата Фокус во салата на општина Лозово се одржа јавна расправа по нацрт програмите и буџетот на општината за следната 2011 година. На јавната расправа присуствуваа 17 учесници:градоначалникот г-дин Орце Цветковски, претставници од општинската администрација, членови на Советот и претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.

Image

на општина Градско за 2011 година

Покрај настаната вонредна состојба предизвикана од рушењето на мостот во селото Ногаевци на 10.12.2010 година во организација на општина Градско и Фондацијата Фокус во салата на општина Градско се одржа втората јавна расправа по Нацрт- програмите и буџетот на општината за следната 2011 година. На расправата присуствуваа претставник од општинската администрација, членови на Совет, претставници од месни заедници и здруженија на граѓани.

Image

 

на општина Велес за 2011 година

Јавна расправа за нацрт буџетот на општина Велес за 2011 година се одржа на 04.12.2010 година во големата сала на општина Велес. На расправата присуствуваа 40 претставници од кои градоначалникот на општина Велес, Горан Петров, претседателот на Совет на општина Велес, Славчо Чадиев, 6 советници, 9 претседатели на месни и урбани заедници, претставници на институции, здруженија на граѓани и Фондации и граѓани.

Image