во општина Лозово
На 24.03.2011 година во организација на Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Лозово се одржа првата овогодинешна координативно-информативна средба. На средбата присуствуваа претседатели на месни заедници, претставник од општинската администрација и советници.
Претставникот од општинската администрација Љупче Димитров ги информираше присутните колку од предложените граѓански приоритети се влезени во годишната програма на Советот на општина Лозово и според која динамика истите ќе се реализираат до крајот на годината.
На 17.03.2011 година во организација на&нбсп; Фондацијата за локален развој и демократија ,,Фокус,, и општина Велес се одржа првата овогодинешна координативно - информативна средба на претседателите на урбани и месни заедници на општина Велес со претставници на општинската администрација и советници. На средбата присуствуваа 10 претседатели на месни заедници и тоа од МЗ Сујаклари, МЗ Ораовец, УЗ Славе Петков, УЗ Тунел, УЗ Керамидна, МЗ Чалошево, МЗ Црквино, МЗ Горно Оризари, МЗ Караслари, двајца претставници од општинската администрација и советник.
Претставникот од општинската администрација на присутните им образложи колку од предложените граѓански приоритети се влезени во годишната програма на општината и какви се изгледите за нивна реализација.